АВМУ: Запазен принципот на еднаквост за известување за кампањата на кандидатите
Во првите девет дена од кампањата, националните медиуми повеќе се концентрираа на активностите на претседателските кандидати, а некои од нив во вестите воопшто не известуваа за локалните избори или патем спомнаа некој од кандидатите. Две телевизии известуваа само за изборите во општина Дебар, покажува првиот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги што го објави денеска