Спасовски: Стево е човек кој води напред кон подобра иднина, во Охрид одиме на двојна победа!
Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Оливер Спасовски, вчера попладне беше со граѓаните на Охрид со кои разговараше за реформските процеси, позитвините економски политики кои ја вратија државата на вистински пат, но и за одговорноста да избереме вистински претседател кој ќе биде партнер на граѓаните и ќе ја води државата напред кон развој и интеграција.