Николоски: За разлика од лагите на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе инфраструктурен бум и во ИЕ4 и во цела Македонија
Александар Николоски, потпретседател и носител на изборната единица 4 денеска на почетокот на изборната кампања од Струмица порача дека е време да се случат промените за да може народот да ја види разликата, потенцирајќи дека во тригодишниот мандат на власта на СДСМ, државата е национално опустошена и економски уназадена.