Николовски: Повикувам на масовна, референдумска поддршка за ВМРО-ДПМНЕ за да ја направиме Македонија горда и исправена држава
Носителот на кандидатската листа на коалицијата „Обнова за Македонија“ во Четвртата изборна единица Александар Николовски ја побара поддршката од прилепчани нагласувајќи дека овие избори се многу важни и потребна е, како што рече, огромна референдумска излезност.