Локални избори: ВМРО-ДПМНЕ стартува во Охрид, СДСМ во Битола, ДУИ во Гостивар, Беса во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ кампањата за локалните избори ќе ја води под слоганот „Создади нова иднина“, а ја почнува со собир во Античкиот театар во Охрид, а во текот на денот претставување на програмата во Скопје ќе има кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, која е поддржана од опозициската партија.