Нашите поддржувачи сами ќе одлучат за кого ќе гласаат во Тетово, вели Заев на прашањето дали ќе ја поддржат БЕСА или ДУИ
Нашите поддржувачи одлучуваат слободно. Никој од нас нашите гласачи не ги носи во џебот, ниту некој има контрола врз нив, рече денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали се договориле со владините партнери ДУИ и БЕСА кого ќе поддржат во вториот круг на локалните избори.