Пановски: Казнување на луѓе по улица дека не носеле маски нема никаква врска со ширење на епидемија
На отворено и со дистанца вирусот не се шири, надлежните да признаат каде најмногу ја има короната, вели за Алфа микробиологот Никола Пановски. Тој вели оти неопходно е да се стави клуч на врата кај угостителските објакти, и да се воспостави ред во јавниот превоз, оти само така ќе се држи под контрола третиот корона бран.