Зибери: Функцијата Народен правобранител не е само декор во системот, туку бедем на заштита на слободите и правата
Во минатото како набљудувач на настаните во земјата сум знаел да бидам критичен, кога сум сметал дека така треба и сум поддржувал одлуки и процеси кога сум сметал дека се во интерес на граѓаните. Тоа ми дава за право да и во иднина од функцијата Народен правобранител да бидам во служба на граѓаните, а не сервис на власта, изјави новоизбраниот народен правобранител Насер Зибери