Анкета на Сиа Виста: 59,2% од граѓаните сметаат дека државата нема капацитет да спроведе фер и објективен попис
Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТАза сопствени потреби направи анкета на јавното мислење за таргетирани актуелни прашања. Анкетата е спроведена телефонски во период од 11.01.2021 - 15.01.2021 врз 1.119 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.