Средба на Димитров и Османи со Борел: Стартот на преговорите со С Македонија е важен за кредибилитетот на ЕУ во регионот
Почетокот на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија ќе придонесе за задржување на кредибилитетот на ЕУ во целиот регион, оценето е на денешната средба во Брисел на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел