Расправа за попис: За ВМРО-ДПМНЕ пописот е обид за спас на коалицијата СДСМ-ДУИ, за власта тоа се copy-paste реплики
Според ВМРО-ДПМНЕ, пописот е политички договор меѓу СДСМ и ДУИ за опстанок на коалицијата и за задоволување на внатрепартиските барања, со однапред утврден исход, а резултатите што ќе се добијат од него, нема да бидат релевантни, ниту ќе ја отсликуваат реалната состојба во државата.