Османи-Дендиас: Северна Македонија и Грција се стратешки партнери
Грција може да биде најдобриот сојузник на Северна Македонија, можеме да бидеме најдобриот пријател на Северна Македонија, истакна денеска шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на прес-конференцијата во грчкото МНР со министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е во официјална посета на Атина