Први ќе се вакцинираат лекарите и медицинскиот персонал, потоа хронично болните
Штом ќе биде достапна вакцината против КОВИД во земјава, први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други што се на првата линија во борбата со пандемијата, потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа, соопштија денеска владините портпароли, Душко Арсовски и Муамет Хоџа