Заев на средба со Шентоп: Македонија и понатаму ќе добива поддршка од Турција
Претседателот на Владата Зоран Заев, придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши и од замениците министри за политички систем и за труд и социјална политика, Илхан Раман и Енвер Хусеин, се сретна со Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Република Турција.