„Политико“ со анализа: Врзан јазик – бугарскиот проблем со јазикот го блокира патот на Македонија кон ЕУ
Според медиумот, за Софија, јазикот што се зборува во Македонија воопшто не е посебен јазик, туку регионална варијанта на бугарски јазик. Скопје го отфрла ова, а исто така го отфрла и барањето на Софија дека треба да го прифати овој став пред да започнат разговорите.