Директорот на здравствен дом Скопје вели дека мерките за угостителите се добри бидејќи зачестиле забавите каде имало и до 2000 луѓе
Изјановски додаде дека големите собирања како што се свадби се многу зачестени, се собираат до 500 или 600 луѓе, а во дискотеките дури до две илјади. Ова, според него, е ризик не само за тие кои учествуваат во дискотеките, туку и за домашните, и за најблиските, за сите кои ги почитуваат мерките.