Одбраната во случајот „Тенк“ се сомнева во стручните познавања на вештакот Герамитчиевски
Одбраната во случајот „Тенк“ се обидуваше да извлече одговори од сведокот вештак, Тале Герамитчиевски за како што кажа адвокатот Стерјо Зиков, да ги докаже неговите стручни познавања во врска со тендерската документација и во делот на спецификациите на возилото. Но, безуспешно. Судијата Кацарска ги усвојуваше сите приговори на ЈО на прашањата од одбраната.