Ердоган: Први го признавме уставното име на Македонија и остануваме на тоа
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за време на средбата со претседателот Ѓорге Иванов во Анкара ја повторил поддршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО, а го реафирмирал и принципиелниот став во однос на употребата на уставното име на Република Македонија, соопшти прес-службата од Кабинетот на Иванов.