Македонија со втора највисока стапка на смртност кај новороденчиња
Денеска во Њујорк и во целиот свет, УНИЦЕФ ја започнува кампањата „За секое дете, живот“, свесен напор што произлегува од заложбата на владите смртноста на новороденчињата да стане минато. Во неа владите, здравствените институции, донаторите, приватниот сектор, семејствата и фирмите се повикуваат да го одржат секое дете во живот, насекаде.