Грујевски и Бошковски пред Врховниот суд во Атина
Поранешниот началник во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Грујевски, и неговиот колега Никола Бошковски, денеска треба да се појават на рочиште во Врховниот суд во Атина, каде ќе се одлучува по нивната жалба за одлуката за екстрадиција на судот во Солун.