Проблеми со платите на вработените ќе има во јуни, кога градоначалникот треба да ги потпише документите за исплата.
Директорот на неврохирургија, Александар Чапароски, бил на информативен разговор во полициска станица по претходна пријава од граѓанин дека тој му побарал мито.
По повод Светскиот ден против пушењето 31ви мај, Skopje City Mall во соработка со ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза утре ќе организира бесплатни тестови за сите граѓани.
ТАВ Македонија, со поддршка од локалните бизниси и угостители, донесе пет влијателни турски блогери во четиридневна туристичка посета на Македонија, со цел да им ги покаже убавините на Македонија како туристичка дестинација и да привлече повеќе туристи од Турција.
Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи јавна седница по предметот оформен по жалба против пресуда донесена од Апелацискиот суд Скопје, во врска со убиството кај Смилковско Езеро.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Јапонија и Монголија во Република Македонија.
Известители на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки преземени при приемот во Советот на Европа денеска и утре ќе бидат во работна посета на Република Македонија.
- „Неправда е ова што ни се случува две години, но денеска додека нема правда, нема да има мир“, рече Арсим Бајрами, обвинет во предметот,пренесе 24вести.
Кривичниот совет денеска вторпат го одби барањето на СЈО да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ поради истрагата за случајот „Талир“.
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски ќе учествува на Конференцијата за Западен Балкан што ќе се одржи во Стокхолм, соопшти денеска МНР.