Во мај годинава неработни денови за сите граѓани се 1 мај (понеделник) - Денот на трудот и 24 мај (среда) - Ден на сесловенските просветители, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
На 9-ти мај 2017 година, ќе се одржи полагање на испит за добивање на уверение за рибочувар (теоретски дел) и за полагање на испит за добивање на уверение вршење стопански риболов (практичен дел).
Обвинители на Специјалното јавно обвинителство денеска одржале „работна средба на повисоко ниво“ со претставници на „Македонски телеком“.
Трагедијата настаната како последица на холокаустот постои, не смее и не може да се избрише. Сеќавањето не смее да престане и тоа треба да е опомена за нас, за сите времиња и за идните генерации.
Проблемот со неисплатените субвенции за земјоделците за 2015 и 2016 година не е ниту во Министерството за земјоделство ниту кај Платежната агенција, изјави денеска министерот за земјоделство Михаил Цветков.
Објавен е повик за доставување барања за користење на финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.
На референдумското прашање „Дали сте за отворање на рудници за металични минерални суровини на планината Кожуф“ 13.097 граѓани гласале против, 154 биле за отворање на рудници и 133 ливчиња биле неважечки.
Новиот Клинички центар во Скопје во вредност од 72 милиони евра ќе го градат двете најголеми македонски градежни компании „Гранит“ и „Бетон“ во соработка со една италијанска компанија.
Принцезата од Тајланд, Маха Чакри Сириндорн, на покана на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, престојува во дводневна посета на Македонија.
Станува збор за безбедни и прочистени вакцини, од кои што несаканите реакции се многу мали. Очекувам вакцинацијата да продолжи со одлично темпо и во наредниот период, истакна Никола Тодоров