Објавен е тендерот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Инвестицијата за градба е 70 милиони евра, а целокупната инвестиција за модернизирање на кампусот е во висина од 128 милиони евра.
Со грант од страна на Владата на Република Македонија, дополнителниот заменик министер Диме Спасов го пушти во употреба новиот дом за стари лица лоциран во Општина Сопиште.
Овие средби се одличен начин за размена на информации поврзани со актуелната безбедносна состојба и мигрантската криза заклучија министрите за одбрана на Република Макеоднија и на Чешка, Зоран Јолевски и Мартин Стропницки.
ФЗОМ склучи договори со шест нови специјалисти во четири градови во државата кои станаа дел од мрежата на здравствени установи, и со тоа им овозможи на осигурениците да добиваат специјалистичка здравствена заштита на товар на Фондот.
Благоја Маневски - ликовен уметник, Раим Ганији – писател, Елена Мисиркова – пијанист и Атила Клинче – актер, се овогодинешните добитници на државната награда 11-ти октомври.
На денешната свеченост во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, промовирани во потпоручници беа 35 питомци, од кои 25 во редовите на Армијата на Република Македонија.
Нов ургентен центар ќе почне да се гради од идниот месец во Куманово кој ќе биде наменет за опслужување на 200 илјади жители од овој регион. Ургентниот центар ќе ги обедини интернистичките и хируршките ургентни амбуланти.
Денеска во Центарот за обука во Идризово на пригодната свеченост беа промовирани 654 кандидати за полициски службеници кои успешно ја завршија едногодишната обука поделена во три образовни модули – сообраќај, јавен ред и мир и гранични работи.
Директорот на ФЗОМ, др Сашо Стефаноски оствари средба со приватни лекарски ординации од Велес, на која се дискутираше за новата мерка на ФЗОМ со која се зголеми капитациониот бод за матичните лекари од 50 на 55 денари.