Ангеловска: Буџетот е ликвиден, во јануари наплатата на даноците е подобра за 10,7%
Буџетот е ликвиден, а во јануари наплатата на даноците е подобра за 10,7 отсто во однос на истиот период лани или повисока за 23 милиони евра, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на новинарско прашање за време на работната посета во Свети Николе.