Од 2020 година се укинуваат „белите картони“ за тутунот, договорите ќе се склучуваат со откупувачите
Предлог-законот за тутун влегува во собраниска процедура. Со ова сосема ново законско решение што беше усвоено на вчерашната владина седница, целосно се укинуваат евидентните листови или т.н „бели картони“. Тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Се поедноставуваат административните постапки за производтелите, но се уредува и целокупниот процес на производство, договарање, откуп, обработка и промет.