Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени
Сојузот на здруженија на лозари бара поголема поддршка од државата, по пет денари за килограм гројзе. Вели дека винарските визби ги нудат ланските откупни цени, 16,5 денари за „вранец" и 14,50 денари за „смедеревка“.