Долгогодишната заложба за висока транспарентност е вградена во Законот за Народната банка и е поставена како стратегиска цел во рамките на мандатот на Народната банка, се наведува во Извештајот.
Според Бектеши, ниту еден од производите опфатени со одлуката за замрзнување на цените нема да биде со повисока цена од 100 денари за килограм.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит, во периодот јануари - февруари годинава изнесува 456 203 000 долари.
Наградените се заблагодарија на признанијата кои се резултат на континуираните напори и активности компаниите да ги подобрат своите перформанси и да излезат од границите на земјата.
Увозниците, прецизира министерот, генерално пријавуваат малку зголемени увозни цени кај доматите и краставиците.
Минималните трошоци на едно семејство во март изнесувале 50.070 денари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.
Трошоците на живот и цените на мало во март се намалени за 0,1 процент во споредба со февруари, објави денеска Државниот завод за статистика.
Согласни сме дека инфраструктурните проекти слабо се реализираат и мора да се впрегнат сите сили, нема друга позадина. Вака вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва го објасни назначувањето на Артан Груби за координатор на изградбата на Коридорот 8.
Како што соопшти Комората, во фокусот на разговорот беше економската соработка помеѓу двете земји, но и пошироко во целиот регион, со акцент на инфраструктурата која е клучна за бизнис секторот.
Директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски од лични причини поднел оставка од функцијата и на негово место на следната владина седница ќе биде назначен, Васко Стефанов.