За една споредбена година, трошоците во градежништвото за нови објекти за домување пораснале за 17,9%
Во четвртото тримесечје од 2021 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 17,9 проценти, трошоците за материјали за 23 проценти и трошоците за вработените за 8.1 процент.