В среда ќе биде познат добитникот на филмската награда на Европарламентот „Лукс 2019“
Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли в среда на пленарна сесија во Стразбур ќе го соопшти името на добитникот на наградата за филм на Европарламентот „Лукс“ за 2019 година, во чија конкуренција е и „Господ постои, името и е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска, копродукција меѓу Северна Македонија, Словенија, Белгија, Хрватска и Франција.