Втор дел од четвртиот КРИК – Фестивал за критичка култура
Со предавањето на Ариане Шпаниер од Германија, насловено „Современиот дизајн и независните издавачки практики како глас на маргините“, вечер од 19.30 часот во Чифте амам ќе почне вториот дел на четвртиот Фестивал за критичка култура-КРИК што го организира „Контрапункт“. Коорганизатор на предавањето е здружението „Проектен простор Прес ту егзит“