Пијанистот Хају Жанг кој настапи како солист на големата турнеја на Филхармонијата во Кина во декември, вечер ќе настапи на нејзиниот концерт со рецитал на кој ќе изведе дела од Бетовен, Шопен, Дебиси и Равел
Педесетина уметнички дела – слики и скулптури од уметникот Мирослав Масин се претставени на изложба во галеријата „Акантус“. Насловена е „Од кујната на Масин“ и ќе биде отворена од утре до 4 мај.
Во Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес во тек се завршните подготовки за премиерната изведба на претставата „Злосторство на 21-от век“ од британскиот автор Едвард Бонд, а во режија на професорот Владимир Милчин. Претставата премиерно ќе биде изведена до крајот на месецов
Уметнички творби на деца со аутизам се претставени на изложба во Чифте амам, резултат на креативните работилници кои Националната галерија таму ги организираше шест дена во минатиот месец
Книгата „Романови: Љубовта е посилна од смртта“ денеска беше промовирана во Музејот на македонската борба
Во галерискиот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка од денеска во следните две седмици ќе биде поставена изложбата на фотографии „Жените и фотографијата”
Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ распишаа прв конкурс за новата книжевна награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината
Во Центарот за култура-Битола вечер од 19 часот предавање на тема „Културното наследство – спој меѓу народите“ ќе одржи Дејан Ристиќ од Србија
По повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, здружението на граѓани „Ромаверзитас“ организира ораторски настапи на тема „Ромскиот народ – минато, сегашност, иднина“
Претставата „Идентитети“ на Скопје танцов театар вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе го отвори 15.„Танц фест“, кој под мотото „Идентитети што не смеат да се пропуштат!“ ќе се одржува до 23 април