Археолозите открија нов мозаик во Теодосијанската палата во Стоби, локалитетот го посети министерката Костадиновска-Стојчевска
- Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска го посети археолошкиот локалитет Стоби и беше информирана за најновите археолошки истражувања на Теодосијанската палата, која е една од најголемите и најлуксузно декорирани градби што се откриени во овој антички град.