Промовирано ново творештво на македонските автори Јулијана Величковска, Игор Анѓелков и Иван Антоновски
Друштвото на писатели на Македонија денеска организираше настан „Во име на новото“, кој, како што беше кажано, има за цел да го промовира новото творештво на македонските автори. Беа претставени авторите Јулијана Величковска, Игор Анѓелков и Иван Антоновски.