Промоција на неколку дела од Гоце Божурски во Музејот Куманово
По повод Светскиот ден на музеите, во Националната установа Музеј Куманово, во „Занаетчискиот дом“ ќе бидат промовирани монографиите „Добри Трендафиловски Добрин“, „Исени Реџаи“, „Ѓорѓе Шијаковиќ“ и „Димитар Стојчевски“ како и книгите „АртМемориам“ и „Наива“. Автор на овие дела е Гоце Божурски, историчар на уметност и сликар