Во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана беше промовиран романот „Осмото светско чудо“ од македонскиот писател и поранешен дипломат Јордан Плевнеш
Под мотото „Будење на сонот“, годинешното 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) ќе биде обележано во знакот на надреализамот и шпанскиот генијален автор и режисер, Луис Буњуел
Претставници на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) учествуваат на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери
Излезе од печат новата едиција „Нови бајки од Македонија“, што ја сочинуваат четирите бајки: „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“
Македонската поетеса Гордана Михаилова-Бошнакоска и поетот Аднан Озер од Турција се годинашни добитници на признанието „Книжевен жезол“ што го доделува Друштвото на писатели на Македонија за значаен поетски опус
Здружението за афирмација на уметност „Флуктус“ од Скопје отвори јавен повик за млади автори за креирање поткаст во областа на културата во рамки на проектот „Поткасти на Самоглас“
Млади тиквешани организираа изложба на фотографии кои говорат за македонската култура
„Цепки“ е насловен гала настанот на иницијативата „ПичПрич“ што ќе се одржи вечер од 20 часот во Филхармонија, по повод десет години од Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“
Охридскиот театар в сабота, на 14 мај премиерно ќе ја изведе претставата „Енергични луѓе“ по текст на Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски
Тетовски театар ја подготви драмската претстава „Бубрегот“ на македонски јазик по текст на австрискиот автор Штефан Фогел, а во режија на Марјан Георгиевски од Битолскиот театар. Предпремиерата е закажана за утре петок 13 мај