По повод Денот на пролетта во Скопје ќе се одржи Меѓународен фестивал на творештво за деца и млади. Фестивалот ќе започне со онлајн трибина на тема „Современото творештво за деца и млади денес“
Концертот го посветувам на Горјан Тозија-Медо, на тој прекрасен човек кој, за жал, прерано замина, рече синоќа пред битолската публика познатиот уметник Раде Шербеџија.
Во големата сала на НУ Центар за култура во Битола целовечерен концерт ќе приреди уметникот Раде Шербеџија
Со грант од филантропската организација од САД „Џ. М. Каплан Фонд“ во висина од 300.000 американски долари, ќе се конзервира Теодосијанската палата во археолошкиот локалитет Стоби.
Министерската за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека отварајќи ја оваа изложба токму денеска, ја потенцираме поврзувачката сила што како мост ја има Франкофонијата, зближувајќи ги народите од сите континети на светот.
Театарската претстава „Малиџано“ е нов проект, пиеса, работена според текст и документарни материјали на Билјана Крајчевска, која премиерно ќе биде изведена на големата сцена на НУ Народен театар-Битола
Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба” доби награда на „Агора Докс“ на фестивалот за документарен филм во Солун во Грција. Филмот е во режија на Сузана Диневски, а е во продукција на Сузи Кју
Изложба со дела на македонските основоположници кои живееле и работеле во Париз меѓу двете светски војни, денеска ќе биде отворена во изложбениот простор Чифте амам во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на Франкофонијата, а во организација на Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје
Презентери на списанието ќе бидат Атанас Чупоски, советник-филмолог и Петар Волнаровски, главен и одговорен уредник на „Кинопис“
Во Младински културен центар (МКЦ) – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Пукнатини/Трансформации“ на уметникот Благојче Наумоски – Бане