„Матица Македонска“ ја чествува стогодишнината на Конески со пет книги посветени на неговото дело
Во „Матица Македонска“ денеска со промоција на пет дела – „Разговори со Конески“ од Цане Андреевски, „Светската критика за делото на Конески“ од Раде Силјан и Паскал Гилевски, „Времето на Конески“ од Димитар Пандев, „Конески како тестамент“ од Весна Мојсова Чепишевска и „Епохата Конески“ од Ѓеорги Старделов, се одбележа стогодишнината од раѓањето на творецот Блаже Конески