Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“ денеска ќе промовира самоводечка, велосипедска прошетка Скриените музеи во Скопје со аудио напатствија за движење до повидливи културни локалитети во Скопје и околината
Самостојна изложба на минијатури и мал формат слики „Игри на проекции“ на ликовната уметница Ивона Велковска ќе биде отворена вечер во Галерија „КО-РА“ – нов салон сутерен во Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје
Театарот е секогаш жив. Со векови наоѓа волшебни излези од секоја ситуација. По изминатиов период, полн со, досега, непознати искушенија и предизвици, вечерва сме овде заедно.
Самостојната изложба на Валентина Илијевска насловена „Upside Down Lips” или „Горни и долни усни“ е отворена вечерва во малиот салон на Галерија „КО-РА“.
Во Домот на култура во Крива Паланка утре започнува 13-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“. Фестивалот ќе биде отворен со доделување на наградата за особен придонес во театарот и културата на истакнатиот актер Ѓокица Лукаревски.
Од утре па до наредниот четврток ќе се изведат шест претстави во рамки на годинешното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар. Организаторите на денешната прес-конференција информираа дека покрај театрите од Македонија ќе гостуваат и театри од Турција, Албанија и Косово
Градот Скопје и оваа година е домаќин на музичкиот фестивал „Андерфест“ што ќе се одржи денеска и утре, на поткровјето на Public Room
Во Делчево е распишан литературен конкурс по повод Месецот на книгата. Директорката на Јавната локална библиотека информираше дека конкурсот ќе биде отворен до псоледната недела од октомври
Во локалната библиотека „Страшо Пинџур“ во Неготино денеска беше промовирана книгата „Светот на Евгенија“. Автор е Евгенија Јанчева од Неготино, која има 10 години и е ученичка во петто одделение
Центарот за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово денеска на тетовскиот градски плоштад ја реализираше изложбата „Од инбокс во плоштад“, со цел јавно да се претстави сексуалното вознемирување со кое се соочуваат младите девојки на возраст од 18 до 25 години