„Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток, ти беше сè што му недостасуваше на светот“: На денешен ден е роден Петре М.Андреевски
„Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток, ти беше сè што му недостасуваше на светот“, ќе напише Петре М.Андреевски во второто писмо за Дениција посочувајќи ѝ дека во неа се границите на целокупна Македонија, и дури ја љуби неа, ја љуби сета татковина.