Промоција на зборникот „Навраќање кон Конески“ во Куманово
По повод стогодишнината од раѓањето на великанот на на современата македонска култура, Блаже Конески, денеска во Занаетчискиот дом во Куманово беше промовиран зборникот „Навраќање кон Конески“ што го приредија Свето Стаменов, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист, и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, универзитетски професор и истакнат македонски историчар на книжевност, книжевен теоретичар и славист.