„Македоника литера“ деновиве ја објави патописната книга „Никогаш на врвот“ на современиот италијански писател Паоло Коњети, во превод од италијански на македонски јазик на Анета Симовска
Трето изданиe на меѓународниот онлајн поетски фестивал„United World of Poetry чиј организатор е македонскиот поет од Велес Игор Крајчев ќе се одржи вечер со почеток во 19 часот на You Tube каналот. Најавено е учество на 20 поети од 17 држави во светот.
Вчера на 66-годишна возраст почина пејачката на народна, староградска и забавна македонска музика Марина Пухариќ.
Борбата на родителите на деца со аутизам е како борбата на Сизиф. Очекуваш и се надеваш дека ќе има промена, но тоа не е секогаш така и секој ден почнува одново, вели авторката м-р Аниса Ејуп Беќировиќ-Трпчевска чија книга „Јас и аутизмот“ беше промовирана вчера на фејсбук-страницата на Литература.мк
Публиката се враќа во Битолскиот театар, и пред аудиториумот во овој град, актерите премиерно ќе ја изведат театарската претстава „Ноќта кога ја убив месечината“
Нацоналната опера и балет вечер од 20 часот ќе одржи гала оперски концерт, на кој ќе бидат изведени дела на Штраус, Моцарт, Росини, Верди, Чајковски, Бизе, Доницети, Пучини и Лехар
„Осврти – рефлексии, илуминации, реминисценции“ е насловена книгата на Виолета Калиќ која содржи 107 осврти на авторката кон самостојни изложби на 84 македонски и странски уметници, како и кон групни изложби, ликовни колонии, инсталации и осврти посветени на традицијата и занаетчиството.
Светски познатиот гитарист и композитор Мирослав Тадиќ со виолинистката Ивет Холцварт неодамна ја промовираше композицијата „Happy 13“, која е инспирирана од македонскиот танц „Поступано оро“.
Од денеска до 18 март во галеријата Мала станица може да се посети изложбата „Остен Биенале на цртеж – Скопје 2020 – наградени уметници и финалисти“.
Најновиот проект инспириран од фолклорна музика „Македонисимо“ на пијанистот Симон Трпчески, доби пофалби од американскиот магазин специјализиран за рецензии „Америкен Рекорд Гајд“ и двомесечникот „Фанфер“, специјализиран за класична и џез музика.