Четиринаесеттиот ден на програмата на „Охридско лето“ е резервиран за „Скопје танц театар“ и перформансот „Идентитети – историја на еден растегнат сон“ на сцената на Предворјето на „Света Софија“ од 21 часот, по повод 30-годишнината од кореографското творештво на Рисима Рисимкин
Книгата „Девет ‒ роман во илустрирани приказни“ на белградскиот графички дизајнер Славимир Стојановиќ-Футро, еден од најпознатите во регионот, вечер во 19 часот ќе има онлајн-промоција на фејсбук-страницата на „Литература.мк“
Остануваат помалку од десет дена од Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ за 2020 година, потсети Меѓународната поетско културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.
Петнаесетото издание на струмичкиот интернационален фестивал за краток филм „Астерфест“ ќе се одржи целосно онлајн, од 28 до 31 август, со акцент на филмските содржини.
Во рамките на Велешкото културно лето 2020 вечерва во 19 часот во Ликовниот салон во Велес ќе се одржи Концерт на класична музика „Сербез класика“, со настап на Градскиот камерен оркестар и солисти под диригенската палка на маестро Илија Настовски
Јубилејното 10. роденденско издание на „Д-фест” годинава поради корона кризата ќе се одржи во скратено издание, на 22 август, потврдија денеска организаторите
Музика од цртани филмови, поп концерти и електронска музика ќе бидат понудени на годинешното издание на „Тhe Park Festival“ во Гостивар кое е закажано за почетокот на септември
Утре излегува од печат новата книга на Калина Малеска, „Облици на моќ во современата книжевност“
„Јазичен мозаик“ е насловен новиот лингвистички труд на Васил Дрвошанов, заедничко издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и на Книгоиздателството „Бата прес милениум“
Во Вевчани денеска почнува 10-тиот Фестивал на народна култура „Пображење“, во организација на Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани