Општина Битола и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство потпишаа Меморандум за отворање на Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во Пелагонискиот регион
Во соработка со општинското јавно претпријатие и расположливата механизација исчистена е дива депонија на атар во Сиричино што со години беше проблем за локалното население
Ладниот бран со врнежи од снег и дожд што ја зафати земјава е поволен за земјоделството. Оние овошки кои не ја почнале вегетацијата, добро е се уште да бидат во фаза на мирување зашто време за негативни температури се уште има
Облачно и студено време ќе преовладува денеска во земјава. Ќе има локални врнежи претежно од снег и ќе дува умерен, долж Повардарието, повремено засилен северен ветер
Денот на албанскиот учител, 7 март со повеќе активности, пред се во ООУ„Саит Најдени“ беше одбележан и во општина Дебар.
Државната изборна комисија денеска одржа седница на која беа усвоени упатства во пресрет на локалните избори во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Исто така беше усвоен и годишниот извештај за завршна сметка за 2021 година.
Маската „Маскен марш“ на СОУ „Никола Карев“ од Струмица е прогласена за најдобра во категоријата групна маска со 50 и повеќе лица на Струмичкиот карневал и и припадна парична награда од 1.000 евра
АД ЕСМ додели пет нови стипендии на студенти од Техничкиот факултет во Битола, во рамки на својата програма за стипендирање студенти од техничките науки, електротехниката и информациските технологии
Намалена видливост од 30 до 50 метри поради појава на магла има на патниот правец село Лисец – Попова Шапка, а на планинскиот превој Плетвар има намалена видливост од 50 до 100 метри
Времето денеска е променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег