Снег со слаб интензитет во Крушево, Железнец и на Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крушево, Железнец и на планинскиот превој Пресека, информира АМСМ во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.