Земјотресот ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево, дел од нив ноќта ја поминаа на отворено
Земјотресот со магнитуда од 5,3 степени што вчера во 22:43 часот беше почувствуван во земјава, ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево кои во голем број ги напуштија своите домови.