Почна скијачката сезона на Попова Шапка, прв пат во рамки на новиот национален парк Шар Планина
Со промотивниот настан „Шарска белина – Шарска убавина“ денеска на Попова Шапка се означи почеток на зимската скијачката сезона во новиот Национален парк Шар Планина, а беше промовиран планот за управување со националниот парк. Претставниците на надлежните институции имаа пригодни обраќања, а се одржаа и културно-забавни активности