Влада ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел Малешево за заштитен предел
На денешната 127. седница, Владата ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V-заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на држава се зголеми на 13,8 проценти, информира министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини