Променливо облачно и студено, температурите низ Македонија од -5 до +6
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Во југозападните делови со сончеви периоди. Претпладне во источните делови, освен на повисоките планини снег ќе провејува и на некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.