Протестот на жителите од Сирково ставен во мирување по средбата со министерот Бочварски
Протестот на жителите од село Сирково е ставен во мирување по денешната средба во Скопје со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Протестот започна во понеделникот, со блокада на патот кон селото, а се бара приклучок кон брзиот пат Градско-Прилеп и целосно асфалтирање на приодите кон селото оштетени со градбата на патот, откако ќе заврши неговата изградба