Се надевам и длабоко сум убеден дека завршените активности од проектот позитивно ќе влијаат врз животната средина и дека ќе претставуваат пример за слични еколошки проекти и идна заедничка соработка
Од утре следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, а од четврток со врнежи од дожд со променлив интензитет
Наутро свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност во јужните делови и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од еден до 10, а максималната од 20 до 26 степени.
Од денеска имунизацијата против Ковид 19 ќе се спроведува во просториите на Здравствениот дом Куманово, информираа надлежните од установата
Недостигот на храна во природата и се поголемата нивна бројност, придонесоа дивите свињи во повеќе села во Кичевско да направат вистинска пустош во пченките и на дел од површините засадени со компир
Влажниот бран што ја зафати земјава не е доволен за целосно решавање на проблемот со сушата, но е добредојден за земјоделството, велат агрометеоролозите од УХМР
Почна изградбата на нова сончева централа во светниколското село Горубинци. Компанијата МГИ Енергетика ДОО инвестира околу еден милион евра
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 1 до 9, а максималната од 21 до 27 степени
Времето ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од еден до девет, а максималната од 21 до 27 степени.
Со пригодна свеченост денеска во дебрчкото село Црвена Вода, беше одбележана 78-годишнината од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ и патронен празник на Општина Дебрца.